ФОТО | Традицијата продолжува: Палатата сподели фотографија за 8-миот роденден на принцот Џорџ од Кембриџ

кејт мидлтон вилијам
ФОТО: Instagram

Денес ќе се одбележи 8-миот роденден на принцот Џорџ од Кембриџ.

Како што третиот член на кралското семејство на ред за британскиот престол продолжува да расте, се повеќе и повеќе се гледа дека крушата под круша паѓа. Палатата Кенсингтон објави нова фотографија на насмеаниот млад крал, кој седи на „Land Rover“ и е облечен во лежерна маичка во риги.

Фотографијата била направена во Норфолк, каде што се наоѓа имотот „Сандрингем“ на кралицата Елизабета , а семејството Кембриџ има викендичка, „Анмер Хол“ и произведена од фотографското око на војвотката Кејт.

Според традицијата, кралското семејство објавува нови фотографии за да го одбележат роденденот на членовите секоја година.

„Ѝ донесе среќа на репрезентацијата“: Принцот Џорџ во костум ја пееше химната на натпреварот Англија-Германија

Некои кралски „експерти“ претпоставуваа дека војводата и војвотката нема да го сторат тоа оваа година по сајбер-силеџиството упатено кон принцот поради неговата облека на финалето на Европското првенство во фудбал. Но, се покажа дека тоа не е случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот