ФОТО | Тој има 81, а таа 28 години: Ал Пачино на вечера со поранешната на Мик Џегер

Фото: Профимедиа

Холивудската легенда Ал Пачино (81) е виден како излегува од ресторан во Калифорнија во саботата по вечерата со поранешната девојка на Мик Џегер, Нура Алфала (28).

Пачино и Нура Алфала, телевизиска продуцентка, која претходно ја поврзуваа со Клинт Иствуд и Мик Џегер, заминале заедно во ист автомобил откако налетале на милионерот Вито Шнабел додека Алфала пушела цигара надвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wipy TV (@wipytv)

Ова е првпат оскаровецот, кој раскина со поранешната девојка Метал Дохан во 2020 година поради разлика во возраст од четири децении, да биде романтично поврзан со Алфала.

На социјалните мрежи се појави и нивна фотографија од самата вечера на која покрај другите присуствувал и актерот Џејсон Момоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pixelducks (@pixelducksmx)

По раскинувањето на Нура Алфала со Џегер, фронтменот на „Ролинг стоунс“, кој тогаш имаше 74 години, во 2017 година, се веруваше дека таа ја продолжила врската со Иствуд, за кого тврдеше дека ѝ е само пријател, во 2019 година.

Нура е тогаш за весникот „Хелоу!“ признала дека „луѓето коментирале“ за нејзината мината врска со Џегер, но рекла дека „не жали за тоа“ и дека „има многу убави спомени“ од времето што го поминале.

„Не ми беа важни годините“, рекла таа и истакнала: „Срцето не знае што гледа, тоа знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска, но за мене тоа беше среќен период“.

Бринетата додала дека Мик се уште е во одлична форма: „Тој е многу подобар од мене. Навистина го почитувам тоа што е толку дисциплиниран“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noor (@nooralfallah)

Од друга страна, Пачино има долга листа на поранешни партнерки и врски, но никогаш не се оженил.

Актерот беше во децениска врска со аргентинската актерка Лусил Соло, чија ќерка Камила Мороне е во врска со Леонардо Дикаприо од 2017 година.

Исто така, имал романси и со Дајан Китон, Џил Клејбург, Пенелопе Ен Милер, Кетлин Квинлан и Линдал Хобс.

Таткото на три деца ги воспитува 21-годишните близнаци Оливија и Антон со својата поранешна партнерка Беверли Д’Анџело, со која се забавуваше седум години, заклучно со 2003 година.

Тој има и 32-годишна ќерка, продуцентката Џули Мари, со со својата поранешна учителка по глума, Џан Тарант.

ФОТО | Во здраво тело, весел дух: Ал Пачино „заигра“ додека џогираше

ФОТО | Ал Пачино ѝ се придружи на Лејди Гага: Легендарниот актер дел од актерската екипа на филмот „Гучи“

ФОТО: Ќерката на Ал Пачино истетовира моќна порака од легендарниот филм на татко ѝ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот