ФОТО| Тој има 23, таа 76 години и снимаат порно-филмови: Покажавме сè!

Instagram

Помеѓу Алмеда и Гари Хардвик има 53 години разлика, но како што тврдат, тоа не претставува пречка за нивната љубов. 76-годишната Алмеда и 23-годишниот Гари се венчаа во 2015 година откако се запознале на една забава од нејзиниот син – пишува „The Sun“.

Instagram

Својот приватен живот честопати го споделуваат на социјалните мрежи, а откако отворија заеднички ТикТок профил, сега започнаа да снимаат порно видеа и да ги продаваат на страницата за возрасни „Only Fans“.

Фото: Инстаграм

Оваа страница им овозможува на своите членови да ги објават своите провокативни фотографии и снимки и да заработат од нив, а се чини дека Алмеда и Гари тоа го искористија добро.

Фото: Инстаграм

– Отворивме профил и таму се покажавме, без цензура. За само недела дена влеговме во топ 10 најследени профили – напишал Гари на Твитер.

По нивната венчавка, парот се вселил во куќата на Алмедина и сега живеат заедно со еден од нејзините внуци, кој е три години повозрасен од Гари.

Instagram

„Не барав момче, но Гари едноставно наиде. Едноставно веднаш знаев дека тој е вистинскиот“, вели Алмеида.

Две недели по нивниот прв состанок Гари веднаш ја запросил преку телефон и наскоро го истетовирал нејзиното име на градите.

Instagram

„Алмеида е во срцето млада и годините не ни претставуваат проблем. Не ни размислуваме за тоа. Само знам дека Бог ги слушна моите молитви тој ден кога таа влезе во мојот живот“, вели Гари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот