ФОТО | Тинејџер со велосипед поминал 14 земји, од Алјаска до Аргентина

Лиам Гарнер / Фото: Инстаграм/Лиам Гарнер

Велосипедист со само 17 години патувал со велосипед во 14 земји, поминувајќи над 32 илјади километри. Ова е приказна за велосипедистот Лиам Гарнер од Лонг Бич, Калифорнија. Тој верува дека е најмладиот човек што возел со велосипед низ Америка од Алјаска до Аргентина, пишува „Си-ен-ен“.

Гарнер, претходно возел од Лос Анџелес до Сан Франциско и сфатил дека може да патува со својот велосипед низ континентот без многу потешкотии.

Откако ја прочитал книгата на авантуристката Џедидија Џенкинс, која возела велосипед од Орегон до Аргентина, Гарнер одлучил дека ќе вози велосипед од заливот Прудо, Алјаска, најсеверната точка во САД достапна по пат, па сѐ до Ушуаја, Аргентина, најјужната точка на Јужна Америка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liam Garner (@liamtheimpaler)


И додека многу од неговите школски другари се подготвувале за факултет, Гарнер почнал да се подготвува за авантурата на неговиот живот.

„Откако матурирав, целиот месец го поминав само со набавка на опрема и потоа заминав“, изјави Гарнер за „Си-ен-ен травел“. „Беше навистина брзо. Не беше планирано да има многу тежок почеток“.

Гарнер имал 17 години кога тргнал со планински велосипед, носејќи со себе само шатор, вреќа за спиење, храна и вода за само еден ден, неколку преносливи батерии, медицински комплет и дополнителни делови за неговиот велосипед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liam Garner (@liamtheimpaler)


Тој го започнал своето патување на 1 август 2021 година преку пан-американскиот автопат, мрежа на патишта што се протега низ Америка.

Тинејџерот, кој веќе имал значителен број следбеници на социјалната мрежа ТикТок по неговото патување во Сан Франциско, решил да го документира патувањето со велосипед низ 14 земји, вклучувајќи ги Мексико, Гватемала, Никарагва, Колумбија, Перу, Чиле и Аргентина.

„Има официјални рута, но има и неофицијални рути. Во основа направив своја маршрута додека возев. Сè додека одев на југ секој ден, знаев дека одам во вистинската насока“, објаснува тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liam Garner (@liamtheimpaler)


Гарнер признава дека неговите родители, кои се разделени, не биле особено воодушевени од идејата нивниот син тинејџер да вози велосипед сам до Јужна Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот