ФОТО: Тијана ги покажа стомачните мускули во бикини, изгледа подобро од кога и да е!

Instagram

Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ изгледа совршено! А, тоа го докажуваат најновите фотографии коишто пејачката ги објави на нејзниот инстаграм-профил.

Тијана на фотографиите покажа завидна линија и стомачни мускули. Облечена во бикини, со марама на главата, згодната Тијана смеејќи се позира среде море. Во описот на фотографијата е наведена и локацијата каде што одмара пејачката – Грција.

Веќе извесно време сведочиме на видната трансформација на нашата музичка ѕвезда, преку објавите на нејзиниот инстаграм-профил.

Неодамна Тијана објави фотографија на која може да се забележи дека е во топ-форма, и дека има и нова фризура, поради што доби бројни комплименти за новиот изглед.

Пејачката практикувала диета со која успеала да изгуби повеќе килограми.

Тијана го сподели и своето искуство поврзано со вишокот килограми што ги добила во текот на бременоста. Како што вели, постојано била гладна и честопати прибегнувала кон нездрава храна.

Тијана откри дека кога била бремена со својот син Вук, добила 45 килограми вишок и дека имала 115 килограми пред да се породи.

Буквално носев уште една личност во себе. Немав врат и рацете ми беа како бутовите. Тогаш решив да направам нешто во врска со тоа. Меѓутоа, почнав да слабеам дури кога сфатив дека мене не ми треба никаква диета, туку да го променам мојот начин на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш мислиме само на храна и на тоа што ќе јадеме, а што не смееме да јадеме“, изјавила пејачката за „Хит Информер“, пренесува „Ало“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот