ФОТО | Тијана Дапчевиќ на плажа: Пејачката изгледа подобро од кога било во розов костим за капење

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Јули е совршен месец да побегнете од градските горештини и да заминете на разладување на море или езеро. Тијана Дапчевиќ е една од бројните познати личности кои ја одбраа Грција како совршена летна дестинација. Пејачката на својот инстаграм-профил објави серија фотографии на кои може да се забележи дека е во топ форма.

Позирајќи во едноделен костим за капење во силно розова боја во кој потсетува на Памела Андерсон во улогата на С.Џ. Паркер од „Чувари на плажата“, Тијана го покажа своето совршено обликувано тело и бронзен тен.


Доволно е да се каже дека пејачката со овие фотографии ги воодушеви своите бројни обожаватели, а лајковите и коментарите непрекинато се нижат.

„Само вака и никако поинаку“ – напиша Тијана во описот на објавата.

Минатата година, Тијана за српските медиуми изјави дека се поправила дури 45 килограми за време на бременоста и имала дури 115 килограми пред да се породи. По породувањето долги години водила битка со вишокот килограми, но последните две години пејачката изгледна подобро од кога било.

„Буквално носев друга личност во себе. Немав врат и рацете ми беа како бутови. Тогаш решив да направам нешто во врска со тоа. Сепак, почнав да слабеам само кога сфатив дека не ми треба каква било диета, туку да го променам начинот на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш размислуваме само за храна и што ќе јадеме, а што не треба“,  изјавила своевремено пејачката и открила дел од нејзинотот мени и тоа овесни снегулки со чиа и црвено овошје за појадок, за ручек мисиркино месо со зеленчук, а за вечера риба со салата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот