ФОТО: Тежок пат за Ѓоковиќ на турнирот „Србија опен“

Новак Ѓоковиќ е слободен во првото коло на „Србија опен“/ фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Одржана е жрепката за претстојниот спектакл на земја, тенискиот турнир „Србија опен“ во Белград кој ќе се организира од 17 до 25 април 2022 година.

Овој турнир ќе биде побогат за првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, потоа Австриецот Доминик Тим, Французинот Ришар Гаске, Давид Гофан, Фабио Фоњини, Аслан Карацев, Андреј Рубљов…

Најдобриот српски тенисер Ѓоковиќ во првото коло ќе биде слободен, а во вториот ќе игра со подобриот од мечот Хамад Меѓедовиќ и Ласло Ѓере.

Тим на стартот ќе се соочи со Џон Милман од Австралија, а Гаске ќе се соочи со Миомир Кецмановиќ.

Гофан за противник го има Филип Крајиновиќ, додека Русинот Рубљов е слободен во првото коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот