ФОТО: Тешка сообраќајка на „Партизанска“, повредено 20-годишно момче

Повредено момче во сообраќајка на Партизанска/ Фото: Слободен печат/Дамјан Варошлија

На аголот помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје, се случи страшна сообраќајна несреќа.

Сообраќајка во Скопје
Фото: „Слободен печат“

Според информациите од медицинскиот тим повредено е 20-годишно момче.

Сообраќајка во Скопје
Фото: „Слободен печат“

Медицинска помош му е укажана на самото место, а според сведоците, по несреќата момчето лежело неподвижно.

Сообраќајка во Скопје
Фото: „Слободен печат“

Станува збор за судар на возила при што едното има видно оштетување во предниот дел. Поради врнежливото време, улиците низ градот се лизгави и на возачите, градските служби им препорачуваат внимателно возење.

Сообраќајка во Скопје
Фото: „Слободен печат“
Сообраќајка во Скопје
Фото: „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот