ФОТО: Тешка сообраќајка кај Нови Сад, четворица Македонци повредени, еден Хрват загина

Фото Инстаграм

Како што пишуваат српските медиуми, во тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Србија кај Нови Сад загинал хрватскиот државјанин М.А. (56) кој управувал Пежо со македонски регистарски таблички.

Повредените жени и децата се државјани на Македонија.

Сообраќајната несреќа се случила околу 11:50 часот во близина на клучката Ковиљ откако возилото се судрило со друг автомобил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Newnow.rs (@newnow.rs)

Пежото е целосно уништено. Автомобилот излетал од автопатот во ливадата, а наоколу останале расфрлани предмети од автомобилот.

Луѓето беа извлечени од автомобилот од страна на пожарникарите.

Од болницата во Нови Сад изјавија дека еден постар маж го загубил животот на лице место, а постарата жена во несвест била пренесена во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ) во Нови Сад.

„Друга жена, родена 1990 година, во свесна состојба е пренесена во Итната помош на КЦВ, додека женско дете родено 2015 година и момче родено 2012 година, исто така во свесна состојба, се пренесени во Детската болница во Нови Сад. “, велат од болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот