ФОТО | „Терминаторот“ Шварценегер, по деценија бракоразводна парница, конечно е разведен

Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер/Facebook
Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер/Facebook

Постапката за развод помеѓу Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер конечно е официјализирана, откако тие пред 10тина години се разделија.

Поранешниот гувернер на Калифорнија  и неговата сопруга се разделија првпат во 2011 година, но дури неодамна судски беа потпишани документите за развод и официјално се разведени во системот на Вишиот суд на Лос Анџелес, пишуваат од „TMZ“

Instagram
Фото: Инстаграм

Првата причина поради која Марија поднесе барање за развод пред една деценија беше кога се дозна за аферата на холивудскиот ветера со нивната куќна помошничка, и нивниот вонбрачен син Џозеф.Разводот претрпе неколку судски процеси, но беше крајно комплициран поради спогодбата за поделба на имотот стекнат во брак. Деталите од спогодбата останаа во тајност, но медиумите велат дека станува збор за сума од околу 400 милиони долари, кои ќе бидат поделени на половина.

Шварценегер/Facebook
Шварценегер/Facebook

Арнолд и Марија имаат четири деца – Кетрин, Кристина, Патрик и Кристофер.

Видео на денот