ФОТО | Тажна глетка: Го врзале кучето за хидрант и го напуштиле

Напуштената „Baby Girl“ / Фото: Фејсбук, Кајли Енгелхард

Грижата за домашните миленици е голема обврска, но љубовта која тие ни ја даваат е многу поголема. За жал, колку и да е тешка таа одлука, некои сопственици решаваат да ги напуштат своите кучиња.

Девојката Кајли Енгелхард, од градот Грин Беј во американската сојузна држава Висконсин, била сведок на таква тажна глетка. Имено, таа здогледала шестгодишна кучка, чии сопственици ја врзале за противпожарен хидрант и покрај неа оставиле голема торба со нејзините омилени играчки и кучешката храна.

Кајли поминала некое време со кучето, тешејќи го и надевајќи се дека нејзините сопственици ќе се вратат. Но, бидејќи тоа не се случило, таа го фотографирала кучето и го објавила на социјалните мрежи, со надеж дека некој ќе посака да го вдоми. Во меѓувреме, Кајли му го дала името „Baby Girl“.

Потоа, Кајли го однела кучето во претпријатието за третман на улични кучиња „Wisconsin Humane Society“, каде знаела дека ќе биде дочекано со многу љубов.

„Навистина ни е жал што сте морале да се разделите од вашата најдобра пријателка. Евидентно е колку сте ја сакале и се гледа дека сте го направиле најдоброто за неа, додека сте се соочувале со вашите животни предизвици. Ја гледаме вашата љубов во торбата која внимателно сте ја спакувале, а во која се сите нејзини омилени работи. Ја гледаме вашата љубов и во тоа како сигурно сте ја врзале со нејзиниот поводник, за да не биде удрена од автомобил. Ја гледаме вашата љубов и во тоа како сте ја сместиле во населба во која лесно ќе биде најдена. Ја гледаме вашата љубов и во тоа колку кучето е среќно и здраво. За крај, ја гледаме вашата љубов и во белешката којашто сте ја оставиле, во која се надевате дека некој ќе ѝ помогне бидејќи вие веќе не можете“, стои во пораката на „Wisconsin Humane Society“, упатена кон претходните сопственици на кучето.

ВИДЕО | Ќе ве расплаче: Канадски пар вдомил куче од Индија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот