-4 C
Скопје

ФОТО | Талентираната Голди Хоун: Во младоста секс-симбол, а и во 75-та година плени со својата харизма!

Актерката Голди Хоун во 1983 година беше во врска со актерот Курт Расел кој што го запознала уште кога имала 21 година, но тој имал 16 и сметала дека е премлад за неа.

Голди се прослави со улогата во комичната серија „Rowan and Martin’s Laugh In“ која што траеше од 1967 до 1973-та година.

инстаграм

Таа претставуваше секс-симбол на своето време, а никогаш не зборуваше за пластичната хирургија, ниту пак ја поддржуваше. Освен со својот изглед таа привлекува и внимание со своето име кое што го добила по својата тетка, а повеќето го доживуваат како надимак.

Легендарната Голди Хоун на 74 години направи интензивен кардио тренинг на трамболина, а колешките останаа воодушевени (ВИДЕО)

Но, првата љубов на Голди била музиката. Имено Хоун пеела кантри музика и во 1972 година го објавила својот прв албум „Goldie“, а во него имала помош и од пејачката Доли Партон. Но, на крајот сепак ја избрала глумата.

Прочитајте и...  Разговор со Викторија Варадинова, кик-боксерка: Ги предизвикувам кик-боксерките од целиот свет!
инстаграм

Актерката покрај талент за пеење и глумење поседува и талент за танц. Голди посетувала часови по балет уште како мало девојче на 3 години.

Инаку, Хоун е мајка на познатата актерка Кејт Хадсон која што ја доби со својот поранешен сопруг, Бил Хадсон.

Мерил Стрип и Голди Хоун на премиерата на филмот „Death Becomes Her“/Инстаграм

Таа од првиот брак го има и синот Оливер кој што исто така се занимава со актерство, но не успеал да се прослави како својата помлада сестра. Инаку, Хоун од 1983 година е во врска со Курт Расел, а се заљубиле откако заедно снимале филм. Парот го има синот Вјат Расел кој што исто така се занимава со глума.

Еден од паровите поради кои веруваме во љубовта – Заедно се 37 години, но никогаш не се венчале (ФОТО)

Курт Расел и Голди Хоун/Инстаграм

 

Прочитајте и...  ФОТО| Ема Корин од серијата „Круна“ открива: Принцезата Дијана и Џорџ Мајкл имале исти фризури во тоа време!

 

Поврзани вести

Виц на денот: Ковид-19

Слободен печат

Се породи пред пет месеци, а веќе сака пак да забремени: Софи Тарнер сака големо семејство

Слободен печат

Бекута им одржа лекција на колегите: Можеби ќе останеме без пари, но настапите не се повредни од ниту еден живот!

Слободен печат

Детален месечен хороскоп за декември за Вага, Скорпија и Стрелец: Пред вас е убава иднина

Слободен печат

ВИДЕО: Ја има ЈК во природна големина! Ѕирнете во собата на фан на Карлеуша

Слободен печат

ФОТО: По гласините за врската со винарот Северина се огласи и откри кој ѝ го чува грбот

Слободен печат

Остави Коментар