ФОТО: Тагуваше поради девојката, сакаше да си оди од Сити, а сега е најдобар во Премиер лигата

Бернардо Силва, чекор по чекор се промовираше во најдобар фудбалер на Манчестер сити во отсуство на Кевин де Брујне/Фото: instagram.com/bernardocarvalhosilva/

Фантастичниот португалски фудбалер Бернардо Силва игра во животна форма и покрај Мохамед Салах моментно е најдобриот фудбалер во Премиер лигата, иако до неодамна не беше сè така одлично.

Португалецот помина многу во претходните години. Откако беше казнет за расизам, иако како што самиот тврдеше, само се шегувал со својот голем пријател Бенџамин Менди, Силва запишуваше прилично лоши настапи на „Етихад“.

Испадна од првиот состав на Манчестер сити, а во текот на летото бараше кој било клуб каде што ќе може да игра. Но, тој одлучи да остане и чекор по чекор се промовираше во најдобар фудбалер на Сити во отсуство на Кевин де Брујне.

Менаџерот Гвардиола во средата изјави дека го смета Бернардо Силва за најдобар играч во Премиер лигата во моментов кога се зема предвид формата и тоа не е далеку од вистината.

Гвардиола откри и дека Бернардо Силва си ги решил приватните проблеми и дека тоа е причината за неговите одлични настапи во последно време.

Имено, Португалецот долго патеше поради девојката. Пандемијата на коронавирус остави голема трага кај него бидејќи долго време помина без својата девојка Инес Томаз. Затоа Силва сакаше да замине во Португалија.

Меѓутоа, тоа не се случи. Гвардиола потврди дека Силва денеска е максимално фокусиран на теренот и дека тоа е причината за големиот напредок во играта на нападот на „граѓаните“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот