Вереницата на славниот фудбалер ги засени сите со новата објава во секси долна облека…
Вереницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез (26) објави нова фотографија на Инстаграм во која ја покажа својата секси долна облека и како таа всушност изгледа пред спиење.
Георгина е гламурозна девојка на еден од најлегендарните светски фудбалери, која секојдневно ја грее неговата постела, а сега нејзините обожаватели можеа да видаш што точно го задржува славниот фудбалер покрај оваа убавица.
Прекрасната Георгина игледа сензационално додека позира во крем сатенско боди во креветот, а сѐ што таа сакаше да покаже е како нејзиниот вереник ја гледа во креветот пред да заспие.Таа ја врзала косата во репче и целосно ја отстранила шминката, па истовремено откри колку нејзиното лице е чисто и убаво и без пудра, но сите сепак гледаа во нејзините бујни гради и секси колковите, како и во заводливиот задник кој често го истакнува.
Роналдо неодамна ја почести Георгина со Картиер прстен вреден речиси 700.000 долари.
Тие двајца се запознале сосема случајно, додека Георгина работела како асистент за продажба во „Гучи“, а Роналдо бил муштерија и како што велат, тоа било љубов на прв поглед.
Роналдо и Георгина ја имаат ќерката Алана која таа ја роди во 2017 година, додека Португалецот го има и 10-годишниот син Кристијано Роналдо Јуниор и близнаците Матео и Ева, кои ги доби од сурогат мајки чиј идентитет никогаш не е обелоденет.