ФОТО: Таа е сон на милиони мажи, а на жените може да им биде пример кога станува збор за облекувањето

Фото: Профимедиа

Американската актерка Џесика Алба (39) беше фотографирана на улиците во Лос Анџелес во облека која многу жени ја коментираа како совршена комбинација и одличен стил.

Имено, славната убавица прошета во широки фармерки, црна маичка и карирано сако и со својот стил на облекување предизвика бројни позитивни реакции.

„Оваа жена не знае да згреши со облекувањето“, гласеше еден од многубројните коментари.

Фото: Профимедиа

Алба за оваа прилика облече црни рамни чевли, додека на раката носеше огромна црна ташна. На лицето носеше и заштитна маска за да се заштити од коронавирусот и очила за сонце, додека во рака го држеше и своето кафе.

Фото: Профимедиа

Џесика која со сопругот Кеш Ворен има три деца, најмногу време поминува со својата најстара миленичка. Таа е вистински среќна мајкана 39 години има три деца, а нејзината најстара ќерка Хонор е веќе возрасна девојка, која како што велат фановите, неверојатно многу наликува на својата мајка.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот