Ви препорачуваме
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ФОТО | Големи немири во Брисел по поразот на Белгија од Мароко

Судири избувнаа во Брисел по победата на Мароко над Белгија на Светското фудбалско првенство – десетици навивачи на Мароко нападнале полицајци, соопшти полицијата, a пренесе „Индекс“.
Уште пред крајот на натпреварот, „десетици лица, од кои некои маскирани, предизвикале конфликт со полициските сили во центарот на градот, со што ја загрозиле јавната безбедност“, се вели во соопштението на полицијата.
Од полицијата велат дека толпата употребувала пиротехнички средства и палки, фрлала камења по полицајци и запалила семафор, а избувнал и пожар на една улица.

„Еден новинар бил погоден со пиротехничко средство по лицето“, извести полицијата, која потоа решила да интервенира со водени топови и солзавец.
Во интервенцијата учествувале стотина полицајци, додека незадоволните лица ги гаѓале со камења.
Полициските сили ги повикаа жителите и навивачите да избегнуваат некои населби во центарот на градот. Станиците на метрото беа затворени, а улиците беа блокирани за да се спречат собири.

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
29мин
-
31мин
-
34мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5