ФОТО | Светот шокиран: Се самоуби синот на славната актерка, три дена по неговиот роденден

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Иан Александар помладиот, единствениот син на холивудската актерка, добитничка на Оскар, Реџина Кинг, си го одзел животот три дена по неговиот 26-ти роденден.

Актерката не сака да излезе од дома по неговата смрт, а трагичната вест ја потврдила за медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by desduné (@desdunemjv)


– Нашето семејство е уништено на најдлабоко ниво со загубата на Иан. Тој е толку силна светлина кој толку длабоко се грижише за среќата на другите. Нашето семејство моли за почит во текот на ова приватно време. Благодарам – изјавила актерката, пишуваат странските медиуми.

Реџина отсекогаш себеси нарекувала горда мајка бидејќи, како што вели, Иан Александар ја направил најсреќната жена на светот, а на својот инстаграм профил јавно ја поддржувала неговата музичка кариера.

– Луѓето обично ќе ме прашаат: „Како е тоа што Реџина Кинг ти е мајка?“. Таа е само супер мајка, навистина. Таа не дозволува лошите работни денови или што било друго да го вратат и уништат времето што го имаме, така што навистина е прекрасно што имам мајка со која можам да уживам во дружењето – раскажал своевремено Иан за странските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Regina King (@iamreginaking)

Актерката го добила Иан со својот поранешен сопруг, продуцентот Иан Александар постариот. Иан бил уметник и диџеј кој пред само четири дена споделил објава на Инстаграм за претстојниот настан во Бардот овој месец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by desduné (@desdunemjv)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот