ФОТО | Студија: Пандемијата, шанса што радикалната десница сака да ја искористи
Радикалната десница во Европа и САД ја гледа пандемијата како „шанса“ да привлече нови активисти, од круговите на противниците на вакцините и теоретичарите на заговор, предупредува студијата која е објавена денес, пренесува „Бета.рс“.
Студијата е нарачана од владата на канцеларката Ангела Меркел и е спроведена во Германија, Франција, Велика Британија, САД, Шведска и финскиот проект за борба против екстремизмот, кој обединува експерти и поранешни дипломати.
Студијата опишува појава на нова радикална десница во тие земји од 2014 година, без водач, транснационална апокалиптична и свртена кон насилство, околу теми како што се наводната голема замена на европското население со имигранти од други континенти.
Овие екстремисти реагираат на заканата од „белата раса“ со сè поголемо усогласување едни со други и со активисти од Русија и источна Европа финансирајќи се преку организација на концерти или турнири во воени вештини, се наведува во студијата.
Така, во Германија постои мрежа на музички наслови на екстремната десница и компании за нарачки по пошта, чиј промет во 2012 година само за Саксонија изнесувал околу 3,5 милиони евра. Експертите проценуваат дека приходот од фестивалот во Германија е близу два милиони евра годишно.
Во студијата дополнително се објаснува дека пандемијата на коронавирусот со тој проект претставува „шанса“ за движењето, која има намера да ја искористи со посилно вклучување околу теориите на заговор и против ограничувањата, опишани како воспоставување на „полициска држава“.
Радикалната десница, исто така, смета и на епидемијата со тоа ќе привлече нови активисти, односно т.н антиваксери (противници на вакцинацијата воопшто).
И покрај ограничувањата на движењето и забраната за концерти или турнири кои ги нарушија активностите на таа десница, пандемијата може да овозможи нови врски и регрутирање активисти.
Па така во Германија во бројните демонстрации против носењето заштитни маски се собраа во истата поворка и неонацисти и противници на вакцините, екстремно десничари и хипици опседнати со езотеризам (Езотеризмот е тајно учење, неразбирливо и забрането за неупатените).
Овие собири може да послужат како вовед во идна соработка во борбата против наводните „заеднички непријатели“, вклучително и државата, се вели во студијата.
Извор: Бета.рс