ФОТО+ВИДЕО | Стјуардеса ослабела 100 килограми за да ја добие работата од соништата

Надин Мекги
Трансформацијата на Надин Мекги / Фото: Инстаграм/Надин Мекги

Стјуардесата која реши да си го промени животот од корен и успеа во тоа, нејзината приказна е навистина мотивирачка.

Надин Мекги конечно ја добила работата која со години ја посакувала, а за која нејзината здравствена состојба била нејзината најголема пречка. Благодарение на операција на желудникот, оваа 28-годишна мајка во период од една година успеала да изгуби повеќе од 100 килограми.

Како што вели, најтешкиот дел од нејзиното патување за слабеење било да научи да биде умерена во исхраната, да престане да се прејадува и да ги регулира другите нарушувања во исхраната.


Надин станала вирална на социјалните мрежи кога ја споделила својата животна приказна за драматичното губење на килограмите и добивањето на работата од соништата. Таа стекнала илјадници обожаватели бидејќи искрено го споделила своето најтешко патување и потсетила многумина дека сè во животот е, всушност, возможно.

„Се сакам себеси и на двете фотографии, но сега дефинитивно имам нов живот и повеќе енергија за да уживам и во малите и во големите работи. Кога имав најголема тежина, не мислев дека некогаш ќе успеам тоа да го надминам и да ги решам проблемите со исхраната.“

„Се борев со флуктуации во тежината и прејадување. Ми требаа година и четири месеци да ја достигнам целната тежина. Сега, два месеци подоцна, сè уште учам и работам на одржување здрав и балансиран однос со храната. Мислам дека тоа е нешто на што ќе морам да работам до крајот на мојот живот, но јас сум целосно во ред со тоа“, напишала во својата објава на Инстаграм.


Надин ги „запали“ мрежите со оваа трансформација и многу луѓе ѝ пружија коментари на поддршка и восхит.

„Браво, ти си навистина инспирација, мора да се чувствуваш многу подобро“, напишал еден маж.

„Неверојатен напор! Убава, и пред и потоа!“, додала една жена.

 


Авиокомпанијата во којашто работи нема никакви конкретни правила кога станува збор за тежината, предуслов е добро здравје и добра кондиција како и способност да пливаат педесет метри.

Луѓето кои се подложуваат на операција на желудникот мора да јадат мошне помали оброци бидејќи процедурата ја намалува големината на желудникот со ограничување на тоа колку храна може да се консумира во исто време. По операцијата мора да се држат на течна диета, а потоа може да се префрлат на мали оброци поцврста храна околу осум недели по целата процедура.

„Некои денови јадам повеќе, а некои помалку. Се трудам да го слушам своето тело и да бидам присутна кога јадам“, вели таа во описот на видеото.

„Секогаш кога претходно уживав во мојата омилена храна,  постоеше чувство на негативност или неуспех“, рекла таа во една објава, додавајќи: „Конечно можам да уживам во моите омилени деликатеси умерено и тоа беше една од најдобрите работи што ги научив на моето патување“.

 

@nadinephyllisfittt Some days I eat a lot more/less. I try to listen to my body and make sure I stay present while eating (as much as possible with an energetic toddler). Mindfulness while eating is very helpful to me! #gastricsleeveaustralia #bariatriccommunity #gastricbypass #weightlossjourney #weightlosssurgery #wls #vsg #rny #weightloss #weightlosstransformation #postopvsg #vsgcommunity #vsgaustralia #vsgjourney #vsgsupport #vsgsurgery #bariatricbabes #duodenalswitch #duodenalswitchsurgery #weightlosscheck ♬ It’s A Wrap – Sped Up – Mariah Carey

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот