ФОТО | Стефанија Несторовска стана мајка: Нашата позната блогерка на свет ја донесе ќерката Анастасија

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Нашата позната блогерка и сопственичка на ресторани за здрава храна, Стефанија Несторовска, стана мајка. Само неколку дена по нејзиниот роденден Стефанија на свет ја донесе ќерката Анастасија. Ова е прво дете на младата блогерка и нејзиниот партнер Стефан Алкалајлех.

Вчеравечер во познат скопски локал сопругот на Стефанија со семејството и пријателите го прослави раѓањето на нивната ќерка.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Моменти од прославата беа објавени на нејзиниот профил кој го следат повеќе од 30.000 љубители на здравиот начин на живот благодарение на големиот избор на вкусни и здрави рецепти кои таа ги промовира.

„Анастасија Алкалајлех 21.03.23“ – напиша Стефанија на Инстаграм објавувајќи ги првите фотографии со ќерката.

Стефанија и Стефан минатата година официјално стапија во брак и направија свадбена прослава во еден познат скопски ресторан, за која уште долго ќе се зборува. На забавата присуствуваа најблиските пријатели, роднини и соработници на парот. Стефанија потсетуваше на дизниева принцеза во нејзината раскошна венчаница.

Честитки!

 

Интервју со Стефанија Несторовска, блогерка: Уживам во бременоста, во секој миг од ова ново поглавје во мојот живот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот