ФОТО | Статистиката не лаже: Катар е земјата домаќин со најмногу потрошени пари за органзиација на СП

Фото: © LOC/fifa.com

Катар инвестираше огромни финансиски средства во подготовките за Светското првенство. Вкупната сума официјално е 220 милијарди долари, но според некои проценки достигнува и до 300 милијарди долари. Статистиката вели дека толку е потрошено во последните 12 години, откако Катар ја доби довербата да биде домаќин на Мундијалот во 2022 година.

Инвестициите на Катар се најмалку 16 пати повеќе од претходната земја домаќин, Русија. Вкупниот трошок е повеќе од три пати поголем од досегашниот трошок на сите осум Светски првенства од 1990 година.

Претходниот највисок буџет беше 19,1 милијарди долари, што Бразил ги потроши во 2014 година, додека Јужна Африка издвои само 4,9 милијарди долари. Така, Бразил потрошил единаесет пати помалку од Катар, а Јужноафриканската Република четириесет и пет пати помалку.

Податоците ги сподели уредникот на „Би-Би-Си“ и познат новинар Рон Аткинс на Твитер, а слични податоци може да се најдат и кај други извори. Трошоците на Катар се огромни, дури и за богата блискоисточна земја која „лежи“ на наоѓалишта на нафта и гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот