ФОТО | Стареат како добро вино: Најубавите мажи на светот повторно ги здружија силите

Холивудските шмекери Бред Пит (59) и Џорџ Клуни (61) повторно ги спои проектот „Wolfes“ на кој во моментот работат во Њујорк.
View this post on Instagram
Двајцата најубави мажи на светот се најдоа заедно, а обожавателите едвај го чекаа ова.
Дури биле и слично стилизирани на снимањето, а впечатокот дека милениците на светската публика денес изгледаат уште подобро од порано, е навистина неизбежен.
Пит и Клуни се појавиле во слични црни кожени јакни, сиви панталони и црни чевли. Одлично расположени и покрај студеното време во Харлем.
View this post on Instagram
Актерите се фотографирани како одлично се забавуваат на снимањето на филмот, но и надвор од студиото, на обична вечерна прошетка во Њујорк.
View this post on Instagram
Последен пат заедно на филмското платно се видени во „Oceans 11“ и „Burn after reading“.
Покрај тоа што се колеги, Пит и Клуни се и одлични пријатели. Кога станува збор за овие холивудски ѕвезди, многу се пишуваше за нивното пријателство кое издржа бројни предизвици и е пример дека таквиот однос може да опстане во Холивуд.
ВИДЕО | „Беше катастрофа“: Џорџ Клуни по осум години брак откри како ја запросил Амал
Сите зборуваат за новата романса: Бред Пит е во врска со манекенката Емили Ратајковски