ФОТО | Стар албум со фотографии на Тијана Дапчевиќ: На третата веќе сум заљубена во Милан

Instagram
Фото: Instagram

Пејачката Тијана Дапчевиќ додека ја средувала куќата пронашла стар албум полн со прекрасни фотографии, а спомените поврзани со секоја од нив ги сподели со своите фанови.

Пејачката ја опиша секоја фотографија поединечно:

Она кога го средуваш плакарот па најдеш прастари фотки, па те удри флешбек (се смее) јаоооо …на првата слика имам едвај 18 години тогаш бев манекенка, како и на другата (од истата ревија), третата е од познатиот Макфест фестивал во 99′ година (тогаш веќе бев голема и пеев – хаха) на третата веќе сум заљубена во Милан и го гледам како теле во шарена врата (како и денес) хахах, а на последната слика веќе сум во Белград (00′) ѝ и го земам микрофонот на Леонтина…ништо не се променило, како да не поминале толку години … јас сум и понатаму млада и спремна за нови предизвици…кој знае, можеби утре пак ќе бидам манекенка, напиша Тијана под фотографиите кои ги сподели на својот инстаграм – профил во форма на онлајн албум на задоволство на нејзините бројни фанови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот