ФОТО: Стадо коњи и глутница улични кучиња го „освоија“ центарот на Тетово

Фото: Читател на „Слободен печат“

Уште една сцена како од Дивиот Запад е забележана утрово на улиците на Тетово – стадо од десетина коњи околу седум часот спокојно пасеа во зеленилото на кружниот тек од булеварот „Илинден“, веднаш до плоштадот во строгиот центар на градот.

На фотографиите, кои ни ги испрати читател, се гледа и дека коњите на необичното место за пасење ги придружуваат и неколку улични кучиња – редовните „жители“ на овој и сите други делови од градот.

Фото: Читател на „Слободен печат“

Во околината на Тетово, особено на Шара и блиските планини Сува Гора и Жеден, коњите и денес се многу одгледувано домашно животно, но според повозрасните жители, тие одамна не можеле олку често да се гледаат симнати во градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот