ФОТО | Српскиот актер Милош Тимотијевиќ се разведе, па повторно се ожени во рок од 40 дена

Фото: Принтскрин/Твитер/Инстаграм

Српскиот актер Милош Тимотијевиќ тајно се разведе од сопругата Дуња со која беше во брак 13 години и се ожени со извесна Тијана од Португалија, објавија српските медиуми.

На инстаграм-профилот на актерот осамна негова фотографија со бурма на раката, а во описот на неа, тој кратко напишал „зафатен“.


Набрзо на социјалните мрежи почна да се шири фотографија од свадбата на Тијана и Милош на која се гледа како изгледа неговата нова избраничка.

Невестата за оваа пригода избрала елегантна венчаница, додека Тимотијевиќ блескал во едноставен костум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darja Babovic (@deethebee)


Инаку, како што пишуваат српските медиуми, никој не ни помислувал дека актерот се развел од сопругата, затоа што зборувал за неа во своите неодамнешни интервјуа. Поради тоа, како бомба одекна веста дека актерот повторно се оженил со друга жена. Како што наведува „Стори“, Тимотијевиќ и Тијана го кажале судбоносното „да“ по 40 дена врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот