ФОТО | Среќни и заљубени: Пит Дејвидсон и Емили Ратајковски на кошаркарски натпревар

Пит Дејвидсон и Емили Ратајковски на кошаркарскиот натпревар на Њујорк Никс / Фото: Инстаграм/Њујорк Никс

Комичарот Пит Дејвидсон (29) и фотомоделот Емили Ратајковски (31) беа присутни на натпреварот на кошаркарскиот тим Њујорк Никс во неделата.

Имено, ова е нивно прво официјално појавување во јавноста како двојка, иако сѐ уште ги немаат потврдено гласините за нивната романтична врска.

На објавените фотографии од натпреварот во Медисон Сквер Гарден, Дејвидсон и Ратајковски седат еден до друг и насмеани ја следат играта на кошаркарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by New York Knicks 🏀 (@nyknicks)

Како потсетување, Дејвидсон и Ратајковски за првпат беа забележани заедно во јавност на 16 ноември годинава, кога комичарот го прослави својот 29. роденден.

Според извори блиски до парот, тие комуницираат веќе неколку месеци и дека нивната врска е сосема на почеток.

„Пит постојано ја смее Емили и го обожава тоа што таа е многу интелигентна“, вели изворот.

ФОТО | Сега е официјално: Емили Ратајковски и Пит Дејвидсон на романтичен состанок во Њујорк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот