ФОТО | Среќен крај за уште едно кученце: Се вдоми питбулката Етна

ЈП „Лајка“ со своја кампања се приклучува во одбележувањето на Октомври – Светскиот месец за подигнување на свеста и одговорноста за чувањето на расата питбул / Фото: ЈП „Лајка“

Питбулката Етна која со денови талкаше низ скопската населба Гази Баба и беше донесена во ЈП „Лајка“, конечно си ја пронајде својата среќа.

– Човекот кој ја вдоми и се грижи за Етна, е неизмерно благодарен на нашето прифатилиште, кој му овозможи да биде новиот сопственик на ова прекрасно милениче. Сега двајцата уживаат во долгите утрински и ноќни прошетки во природа, велат од ЈП „Лајка“.

Фото: ЈП „Лајка“

ЈП „Лајка“ со своја кампања се приклучува во одбележувањето на Октомври – Светскиот месец за подигнување на свеста и одговорноста за чувањето на расата питбул.

– Целта за одбележување на овој месец е градење на одговорно сопствеништво и подигнување на свеста кај сите сопственици на оваа раса, бидејќи за жал поради својата природа и карактеристики овие кучиња се користат нелегално за борби.

ЈП „Лајка“, кое преку својата програма се бори и залага за хуман третман и благосостојба на кучињата, досега има спасено десетина кучиња од оваа раса кои беа злоупотребувани и малтретирани за борби.

ФОТО | Љубов кон животните од мали нозе: Преслатката Маргарита е најмладиот вдомувач на кученце од ЈП „Лајка“