ФОТО | Среде гласините за развод: Канје Вест и Бјанка Ценсори разменуваат нежности во Токио

Фото: Profimedia

Неодамна беше објавена веста дека Канје Вест и Бјанка Ценсори се пред развод на нивниот брак. „Ти-ем-зи“ пишуваше дека биле во расправија и се разделиле пред неколку недели, а за тоа ги известиле и најблиските.

Но, сега има изненадувачки пресврт – парот бил фотографиран заедно во еден трговски центар во Токио.

Судејќи по фотографиите, гласините за нивниот развод биле лажни, а парот изгледа прилично среќен. Во еден момент Бјанка ги држела рацете над лицето на раперот и се смешкала од уво до уво.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

„Дејли мејл“ напиша дека извори блиски до славната двојка тврдат дека тие „одредено време се оддалечуваат“.

„Тие раскинаа пред некое време“, открил изворот.

„Бјанка почна да гледа на врската во ново светло откако пријателите и семејството изразија загриженост за начинот на кој таа се облекува во јавноста, а Канје почувствува дека повеќе не е заинтересирана за него како на почетокот“, додаваат тие.

Последен пат заедно беа фотографирани на 20 септември во Токио, а потоа Канје беше виден на аеродромот во Хонг Конг без неа, што доведе до гласини за развод.

Вест и Ценсори се венчаа во 2022 година, еден месец откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан. Оттогаш, парот привлекува внимание каде и да се појави, најмногу поради нивните модни комбинации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот