ФОТО | Србинка ја дизајнираше првата ракија за жени: Доста беше само „машки“ пијалок

Фото: Инстаграм/ prestizna_

Ракијата има културно и социолошко значење длабоко вкоренето на овие простори. Ниту една прослава не може да биде целосна без овој пијалок кој го има во различни сорти, од сливи, лозова ракија, од кајсија или круша, ова се само некои од видовите на ракија и сигурно сте слушнале за нив. Она што веројатно не ви е познато е женската ракија со едноставното, но впечатливо име „Престижна“.

Ракијата со интересна структура која носи уште поинтересен слоган „Нежна по изглед, силна по избор“, ја дизајнирала девојка од Србија, Тамара Милошевиќ со цел да им овозможи на жените да уживаат во овој пијалок додека се чувствуваат престижно.

Тамара за „Бизлајф“ (BIZLife) нагласува дека нивниот веќе постоечки бренд „Imperator“, познат по иновативната комбинација на традиционална ракија и злато за јадење, бележи сè поголем број жени меѓу своите клиенти, иако традиционално се сметаше за „машки“ пијалок.

Фото: Инстаграм/ prestizna_

„Сфативме дека е време да создадеме производ посветен на жените. Сепак, ракијата е именка од женски род. Името ‘Престижна’ го избравме за да ја истакнеме идејата дека секоја жена заслужува да се чувствува престижно и посебно. Сакаме да пренесеме дека одлуките што ги носат жените, вклучувајќи го и изборот на пијалок, не ја дефинираат нивната личност. Во нашето општество, родовите стереотипи се исклучително силни, затоа сметаме дека е неопходно сите да се обидеме да ги скршиме оковите ковани со векови на наше микро ниво. И затоа нашата порака е: Нежни по изглед, силни по избор“, објаснува Тамара.

Фото: Инстаграм/ prestizna_

„Престижна“ е првата ракија во Србија која е создадена со намера да ја истакне женската сила и елеганција, посочува Тамара, но сепак додава дека не е исклучиво наменета за жени. Многу мажи веќе го препознаа нејзиниот квалитет и стил и редовно го купуваат, споделувајќи позитивни реакции со жените околу нив.

Тамара вели дека процесот на производство на ракијата „Престижна“ не се разликува значително од традиционалните методи.

Фото: Инстаграм/ prestizna_

„Ги користиме најквалитетните плодови од Лесковачка дуња, кои се двојно дестилирани, за да постигнеме исклучителна чистота и богатство на вкус. Она што ја издвојува нашата ракија е додавањето на светки кои се јадат и додаваат визуелна елеганција, без да влијаат на вкусот и квалитетот“, забележува Тамара, додавајќи дека дуњата е избор поради исклучителниот мирис и малку слаткиот вкус, што жените често го избираат.

„Сакавме да создадеме производ кој е суптилен, а сепак препознатлив, исто како дуњата“, вели таа.

На крајот, таа додава дека дефинитивно имаат планови во иднина да го прошират асортиманот или да воведат нови варијации на ракијата „Престижна“.

Фото: Инстаграм/ prestizna_

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот