ФОТО: Според фановите на УЕФА, Португалија и Шведска ќе играат на Мундијалот

Кристијано Роналдо и колегите од репрезентацијата денеска играат против Македонија во бараж натпреварот за пласман на СП/ фото: EPA-EFE/ESTELA SILVA

Денеска од европската зона ќе дознаеме уште две репрезентации кои ќе учествуваат на следното Светско првенство кое годинава ќе се одржи во Катар.

Македонската А селекција од 20.45 часот во Порто на стадионот „Драгао“ ќе се обиде да испише нова историја на дуелот против Португалија која ја има фаворирската улога. А во истиот термин Полска е домаќин на Шведска.

До почетокот на средбата фановите гласаат, предвидуваат кои селекции според нив сметаат дека треба да се најдат на Мундијалот.

Според бројките на официјалниот Твитер профил на УЕФА, на Португалија и Шведска (41,1%) им се даваат најголеми шанси дека ќе се пласираат на СП.

Голем број на фанови сметаат дека победници ќе бидат Португалија и Полска (39,6%), а мали шанси им се даваат на најдобрите македонски фудбалери (Македонија и Шведска 9,1%, Македонија и Полска 10,2%).

Фото: Принтскрин/twitter.com/UEFA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот