ФОТО: Специјални дресови на Наполи во чест на Диего Марадона!

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Фудбалерите на Наполи ќе носат специјални дресови, инспирирани од Диего Армандо Марадона, на натпреварот против Рома.

Тоа ќе биде четврта гарнитура на дресови за екипата од Неапол во редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, а тие беа дизајнирани пред една година, како начин да му се заблагодарат на легендарниот Аргентинец за сите успеси што ги донесе во клубот.

– Пред една година, во соработка со „Капа“, дојдовме до идеја да дизајнираме дрес посветен на Марадона, неговата сакана Аргентина и неговата поврзаност со граѓаните на Неапол.

Се надевавме дека Диего ќе го види, дека ќе го облече. Договорот беше да биде официјално промовиран во деветтото коло против Рома. Сега, дресот ќе има уште поголемо значење – стои во соопштението на клубот.

Мечот помеѓу Наполи и Рома е закажан вечерва со почеток од 20.45 часот.

Фудбалскиот свет се простува од големиот Диего, меѓу нив и Пеле: Еден ден заедно ќе ја шутираме топката горе на небото

Најинтересните изјави на Марадона: Кој танцува со својата сестра, зашто Роналдо продава шампон за коса…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот