ФОТО | Спасовски на првиот академски час на Факултетот за безбедност

Оливер Спасовски
Оливер Спасовски / Фото: Министерство за внатрешни работи

Почетокот на академската година е подеднакво важен како за новата генерација студенти на Факултетот за безбедност, за генерациите што веќе тој процес го започнале, но и за самиот наставничко-образовен кадар, како неспорна потврда на образовно-воспитниот континуитет на оваа реномирана образовна институција, која што во годините зад нас макотрпно и системски го градеше и потврдуваше своето реноме како кредибилен, и исклучително квалитетен стручно-научен сегмент, прв кај нас во областа на безбедноста, како интердисциплинарно подрачје на образованието, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето пред студентите на првиот циклус студии и професорите од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски” на првиот академски час во новата учебна 2021/22 година.

Според Спасовски, симболиката на првиот академски час има суштествено значење за студентите и на колективно, односно општествено рамниште – затоа што таа професионална профилација треба да го најде своето место во општеството, како контрибутивен фактор во неговиот севкупен развој, што претставува причина за настојувањата за што поголем квалитет во образовниот процес, со цел поголема институционална функционалност, ефикасност и одговорност на системот, добробит и просперитет на општеството и поединецот во него.

– МВР, како институција што речиси целосно, законски го покрива сегментот на безбедноста во своето секојдневно функционирање, е ваш партнер, секогаш отворено за широка соработка, како во поглед на имплементација на современи научни сознанија и искуства од оваа област, така и во поглед на практичното ангажирање млади образувани кадри за потребите на институцијата. Нашите амбиции, преку оранизационо и структурно реформирање на Министерството, се да наметнеме еден поинаков концепт на интегрирање, конкретно и практично, на најдобрите млади кадри во системот на работа на МВР, се крајно сериозни, подвлече Спасовски, упатувајќи честитки за почетокот на новата академска година и посакувајќи им на студентите да ги остварат своите амбиции и желби во развојот на нивниот професионален живот и кариера.

Оливер Спасовски
Фото: Министерство за внатрешни работи

Извор: МИА

Видео на денот