ФОТО: Сосема е јасно од кого Наоми Кемпбел ја наследила беспрекорната убавина

Instagram

Супермоделот Наоми Кемпбел, познатата манекенка која имаше неверојатна кариера во модниот свет, отсекогаш била многу блиска со нејзината мајка Валери Морис-Кембел.

Манекенката, која сè уште го остава светот без здив со својата егзотична убавина, пред неколку дена на социјалните мрежи ѝ го честиташе роденденот на нејзината мајка Валери.

Instagram
Instagram

Судејќи според изгледот на нејзината мајка која наполни 69 години, очигледно е дека 50-годишната Наоми ги наследила најдобрите гени од нејзината убава мајка.

Instagram
Ретро фотографија од Наоми со нејзината мајка / Instagram

Наоми на својот профил на Инстаграм објави неколку фотографии со нејзината мајка, што ги воодушеви своите обожаватели на славната манекенка.

Instagram
Instagram

И покрај тоа што не ги славиш родендените, јас ги славам. Среќен роденден мамичке, ќе те сакам засекогаш“, напиша Наоми покрај фотографиите со нејзината мајка, поранешна танчерка родена во Јамајка.

Instagram
Instagram

Инаку, Наоми го прослави својот 50-ти роденден во мај годинава и им се заблагодари на сите што ѝ помогнале во најтешките моменти, кога се бореше со својата зависност од кокаин и алкохол.

Instagram
Instagram

На сите оние кои беа со мене во најтешките моменти, во сите мои подеми и падови, кои ме следат и дискретно стојат покрај мене, навистина сум им благодарна. Досега моето патување беше прекрасно, а јас постојано се потсетувам дека морам да работам на себе за да учам и да растам од ден на ден“, напиша таа.

Instagram
Instagram
Instagram
Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот