ФОТО | Соработник на Беливук е во бегство, во неговиот дом пронајдени дрога, експлозив и оружје

Српската полиција распиша потерница за Вибор К. (42) од Котеш, во чиј дом е пронајден експлозив со магнет и далечински активатор, дрога и големо количество оружје.

Тој е осомничен дека бил член на криминален клан и близок соработник на Вељко Беливук и Марко Миjковиќ, кои беа уапсени во февруари годинава под сомнение дека сториле бројни тешки кривични дела.

Експлозивна направа со магнетски и далечински управувач, која најчесто се користи за поставување експлозив под автомобили е пронајдена во просториите што ги користел при претресот. Притоа пронајдени се две рачни гранати М-75, пиштол „Глок 17“, револвер, шест рамки за автоматска пушка, хеклер и автоматски пиштол и муниција од пушка.

Полицијата открила и повеќе од 10,2 килограми мешавина од амфетамини и кофеин, повеќе од три и пол килограми хашиш, 50 таблети МДМА, мала количина прашок МДМА, поголема количина супстанца за која се сомнева дека е хероин и две дигитални ваги за точно мерење, како и друга опрема за подготовка и пакување на наркотици.

Полицијата во април пронајде значителна количина оружје во викенд куќа во Ритопек, куќа означена како место за ликвидација на жртвите Вељко Беливук и Марко Миjковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот