ФОТО | Сопругата на Новак Ѓоковиќ со емотивна објава: Единствениот закон кој сите треба да го почитуваме…

јелена ѓоковиќ
Новак и Јелена / Фото: Принтскрин/Instagram

Српскиот ас Новак Ѓоковиќ не е вакциниран против коронавирусот, а без примена вакцина не можеше да влезе во Австралија. Тенисерот се обидел да влезе во земјата со докази дека не може да ја прими вакцината, но неуспешно. Неговата сопруга Јелена, конечно проговори за ситуацијата.

Ѓоковиќ и невакциниран ќе може да игра на Ролан Гарос

На најдобриот тенисер на светот му беше укината визата по пристигнувањето во Австралија бидејќи, според тамошните власти, немал примено вакцина, а немал ниту легитимно медицинско ослободување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

По бројните реакции на социјалните мрежи од револтираните обожаватели на Ѓоковиќ, се огласи и неговата сопруга Јелена.

„Среќен Божик на сите кои го слават денес! Мир Божји! Сакам сите да бидат здрави, среќни, безбедни и со семејствата. Посакувам моето семејство да беше заедно денес, но утеха ми е што сме барем здрави. Ќе го надминеме ова. Ви благодарам драги луѓе ширум светот што го искористивте вашиот глас за да испратите љубов и поддршка до мојот сопруг. Дишам длабоко за да се смирам и да најдам благодарност (и разбирање) за се што се случува сега. Единствениот закон кој сите треба да го почитуваме без разлика каде сме е љубовта и почитта кон другите луѓе. Љубовта и простувањето никогаш не се грешка, туку моќна сила“, порача Јелена Ѓоковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Да потсетиме, тенисерот пристигна во Мелбурн во средата, но по седум часа минати на аеродромот не доби виза за влез во земјата.

Видео на денот