ФОТО | Деколтето во преден план: Сопругата на Грашо во секси фустан на доделувањето на наградите во Белград

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Музичката двојка Петар Грашо и Хана Хуљиќ Грашо синоќа беа меѓу гостите на регионалните музички награди MAC во Белград. Откако во јули ја добија својата прва ќерка Алба, познатите сопружници ретко се појавуваат заедно на јавни настани, но овој пат имаа две важни причини да не ја пропуштат церемонијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DreamcatcherG (@gordana_jmsa)


Грашо славеше во категоријата најдобар концерт на годината, а самото доделување на наградите, покрај српската актерка Јелена Гавриловиќ, го водеше таткото на Хана и долгогодишен пријател на Грашо, хитмејкерот Тончи Хуљиќ.

Модно усогласената двојка им позирала на фотографите, а регионалните медиуми веднаш објавија за впечатливата креација што ја носеше Хана.

Убавата Хана избрала долг, црн фустан со прерамки со проѕирен, плисиран долен дел, а го искомбинирала со кадифени ракавици украсени со реси. Петар се одлучил за црно палто со сатенски ревер и темни фармерки, како и вратоврска на пруги.


Сплитскиот пејач, во разговор со насобраните новинари, ја спомнал и нивната ќерка и открил дека често го придружува на неговите патувања.

„Овде сум во друштво на ќерката на вечерашниот водител Тончи, мојата сопруга и, најважно од сѐ, мајката на ќерка ми од која тешко се разделувам. Ги „ловиме“ заедничките моменти колку што е можно тоа. Малата веќе промени три, четири држави во нејзиниот живот, патува и тоа многу го сака. Ние сме заедно и тоа е најважно“, рекол Грашо.

ВИДЕО | Каролина Гочева со совршен настап на годинашните „MAC“ награди

Петар Грашо закажал настап на денот на породувањето на сопругата: Кој е коментарот на Хана?

Петар Грашо откри детали од венчавката со Хана и медиумскиот интерес: Го зеде моето презиме, но…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот