ФОТО: Сопругата на ерменскиот премиер посетува воена обука, ќе оди на фронт во Нагорно-Карабах
Ана Хакобјан, сопруга на ерменскиот премиер Никол Пашинјан, најави дека од денеска ќе посетува воена обука, заедно со уште 12 жени и ќе замине во Нагорно-Карабах.
– Одред од 13 жени, вклучително и јас, почнува воена обука. За неколку дена тргнуваме да помогнеме во заштита на нашите граници. Ниту нашата татковина, ниту нашето достоинство нема да се повлече пред непријаелот, напиша Хакобијан на Фејсбук.
View this post on Instagram
Кога беше објавено дека синот на ерменскиот премиер Ашот Пашинјан заминува на фронт, Хакобјан изјави дека нема ништо поблагородно од давање на живот за татковината.
View this post on Instagram
– Му кажав: Да, сине облечи униформа и оди. Јас те обожувам, но нема ништо поблагородно од давање живот за татковината. Не знаев каква е таму ситуацијата и дали ќе можеме да се слушаме. Но, тој не замина и одреден е подоцен датум за негова регрутација, но и понатаму стојам зад своите зборови, напиша Хакобијан на Фејсбук.
View this post on Instagram