ФОТО | Сопруга на познат српски водител ги „полуде“ своите фанови: Македонка која ќе ве остави без здив

Данијела Димитровска Амиџиќ
Фото: Instagram

Сопругата на Огњен Амиџиќ, Данијела Димитровска Амиџиќ која има македонско потекло ја „полуде“ македонската и српската јавност со бројните разголени фотографии што ги сподели на својот инстаграм – профил.

Данијела веќе некое време ужива на море далеку од градската врева, а бројните фотографии во разни модели на костими за капење кои ги објави манекенката на социјалните мрежи ги воодушеви нејзините фанови.


Едноделен црвен костим за капење, зебра бикини, како и неодоливиот дводелен костим за капење со длабоко деколте во беж боја, совршено ја истакнаа нејзината витка фигура, а комплиментите на сметка на нејзиниот изглед се редеа со молскавична брзина.

Песната „Македонка“ од позната балканска група „Фламингоси“ е посветена на Данијела, а еден од членовите на групата е нејзиниот сопруг Огњен Амиџиќ. Дел од популарното музикото дуо беше и прерано починатиот актер Маринко Маџгаљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот