Сообраќајна несреќа во Влае / фото: 360 степени

ФОТО: Сообраќајка во Влае вечерва, се судрија две коли и мотор

Сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 19 часот на улицата „Ацо Шопов“ во скопската населба Влае, во близина на бензиската станица „Лукоил“, јави „360 степени“.

Додека се вршеше увидот, полицијата ги затвори околните пристапни улици. Од фотографиите испратени до редакцијата на „360 степени“, се гледа дека учесници во сообраќајката се два автомобили и еден мотор.

Според очевидците, на местото на несреќата брзо пристигнале екипи на Итната медицинска помош, како и полицијата.

„Од она што го видовме, повреден е возачот на моторот, кој веднаш беше однесен со амбулантно возило“, велат очевидците на несреќата.

Двајца луѓе се повредени во сообраќајката во Влае, соопшти полицијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот