ФОТО: Софија Лорен го сакала Тито, тој ја сакал Јованка, а таа била љубоморна на актерката…

Фото: Profimedia

Јосип Броз Тито за време на своето владеење угостил многу светски ѕвезди како Елизабет Тејлор, Софија Лорен, Ричард Бартон. Посебно внимание на тогашните медиуми привлекла посетата на славната Софија Лорен, која била гостинка на Брионите 15 дена.

Profimedia

Нада Будисављевиќ сестрата на Јованка Брзо во нејзината книга пишува дека Софија дошла во вилата Јадранка со својот син кој тогаш имал една и пол година, а биле придружувани од швајцарската дадилка.

„Секој ден му се јавуваше на Карло Понти. Косата ја миеше со дестилирана вода и на неа ставаше маслиново масло“, вели Будисављевиќ.

Profimedia

Тито за Софија правел загорска штрудла. Лично го сукал тестото.

Тајната чувана долги години, за емоциите на познатата актерка која ги имала кон покојниот маршал, ја открил Ненад Вуковиќ, кој пред неколку години го купил Титовиот имот.

Како што тврди Ненад, а и некои други сведоци од тоа време, италијанската актерка била вљубена во поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, кого често го посетувала, некогаш и тајно, на имотот во неговото лозје во Гроцка.

– Слушав разни приказни, но факт е дека Тито ја пречекувал Софија Лорен на гости овде, во Гроцка. Тој бил голем заводник и хедонист. Јованка била љубоморна и кога Софија доаѓала од Италија во Србија кај Тито на гости, беснеела од љубомора. Постојат записи за посетите на Лорен и во нив се открива дека актерката сакала бајадери и јадења со пилешко, а Тито бил познат како љубител на грозје – вели Вуковиќ, а сето ова го потврдува и Драган О., кој своевремено работел за Тито.

– Тогаш бев млад и ми беше голема чест да работам за претседателот. Се сеќавам кога Софија доаѓаше. Беше вљубена во него. Преубава беше и сите се вртевме по неа. Тито ја сакаше Јованка, а Софија него. Точно е што господнот Вуковиќ рече дека Јованка беше љубоморна на глумицата. Софија јавно доаѓаше на манифестациите организирани од Тито, а кога доаѓаше тајно, проценете сами – откри човекот од персоналот на Тито, за порталот Курир.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот