ФОТО | Сочен бакнеж: Перо Антиќ објави заедничка фотографија со Катарина Ивановска

Фото: Принтскрин / Instagram

Пред една година нашиот модел Катарина Ивановска и кошаркарот Перо Антиќ беа во центарот на вниманието на македонската јавност откако споделија заедничка фотографија на социјалните мрежи. Додека едни шпекулираа дека Ивановска и Антиќ веќе некое време уживаат во заедничката љубов, други тврдеа дека станува збор за чисто пријателство.

Instagram
Instagram

Кратко по објавувањето на фотографијата, Катарина Ивановска во своето интервју за „Бекстејџ“ реши да стави крај на дилемата.

Секако, разговорот не можеше да помине без прашањето за нејзината врска со екс кошаркарот Перо Антиќ. Иако не потврди со да или не, сепак даде интересен одговор на прашањето на новинарката.

„Среќни сме заедно“, одговори тогаш манекенката.

Актуелниот претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија како и поранешен кошаркар и член на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ вчеравечер на својот инстаграм – профил сподели фотографија на која македонскиот топ-модел Катарина Ивановска го бакнува во образ.

Фото: Принтскрин / Instagram

Иако парот извесно време е во љубовна врска, својот приватен живот не сакаат да го експонираат, а притоа никогаш јавно не проговориле за нивниот однос.
Ова лето Катарина и Перо споделуваа фотографии од одморот во Бодрум, каде уживаа заедно иако не споделија ниту една заедничка фотографија.

Фото: Инстаграм

Сепак фотографиите направени како вечераат во ист ресторан, уживаат на иста плажа открија дека уживаат во летниот одмор во турскиот бисер.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот