
ФОТО | „Соблечи се и сврти се…!“: Ова се морничавите наредби што Канје Вест ѝ ги дал на својата гола сопруга на Греми
Раперот Канје Вест ѝ наредил на својата сопруга Бјанка Ценсори да „направи сцена“ на црвениот тепих на доделувањето на наградите Греми, така што ја соблекла бундата и го покажала своето голо тело, тврди експерт за читање од усни.
Препорачано
Канје наводно ѝ дал „морничава“ наредба на Бјанка да го соблече капутот и да се сврти кон камерите на црвениот тепих. Бјанка која има 30 години ги шокираше присутните на престижната музичка манифестација носејќи само проѕирен фустан од тил преку целосно голото тело.
@vanityfair #KanyeWest and #BiancaCensori’s unexpected appearance at the #Grammys ♬ original sound – Vanity Fair
Експертката за говор на телото Џуди Џејмс забележала дека иако Бјанка изгледала смело и самоуверено, позата на сопругата на Канје Вест открива дека атрактивната бринета всушност била доста нервозна.
– Иако нејзиниот изглед беше одлучен, нејзиниот поглед кон Канје пред да го соблече палтото укажуваше на благ тремор, како да е свесна за тежината по својот избор – изјавила експертката за говор на телото.
Експертот за читање усни ја анализирала снимката на ТикТок на кој Канје и Бјанка разговараат на страната на црвениот тепих непосредно пред таа да ја соблече бундата за да открие сè.
И експертот верува дека Канје стои зад оваа скандалозна постапка. Никола Хиклинг, основач и главен аналитичар во „Читање од усни“ (LipReader), изјавил за „Мејл онлајн “ дека Канје ѝ рекол на Бјанка:
„Сега правиш сцена. Направи сцена, ти велам дека сето ова ќе има многу смисла“.
На виралната снимка на ТикТок може да се види како Бјанка климнува со главата додека нејзиниот сопруг тивко разговара со неа.
Според Никола, тој потоа ѝ рекол на сопругата: „Спушти го тоа зад себе и потоа сврти се, тука сум“.
Николa верува дека Бјанка одговорила: „Во ред, одиме“.
За потсетување, Бјанка на настанот пристигна во црна бунда и веднаш отиде на црвениот тепих со Канје. Таа потоа полека го тргна палтото од грбот, откривајќи го голиот задник, пред да се сврти кон фотографите.
Нејзините голи гради и интимните места беа целосно откриени, додека целосно проѕирното парче ткаенина го покривашe нејзиното тело. Канје застана до својата сопруга облечен во црна облека и со очила за сонце.
Можело да се слушне како фотографите извикуваат: „Леле, какво откритие!“
Реакциите на фановите беа шокантни, а еден од нив на социјалните мрежи напиша: „Ова е најлошото нешто што сум го видел“.
„Ова е лошо… всушност, ова може да биде и криминално“, рекол друг гледач.
Трет коментирал: „Како ѝ е дозволено да се појавува во јавноста? Има деца наоколу и таа треба да се срами од себе“.
Сепак, и покрај критиките, Канје бил горд на појавувањето на својата сопруга на црвениот тепих.
Тој објави фотографија од фустанот на Инстаграм, велејќи: „Греми фустан за најубавата жена досега, мојата љубов, мојата најдобра пријателка, мојата сопруга“.
Извори изјавиле за „Ју. Ес. Сан“ дека Канје и Бјанка подоцна биле известени да го напуштат доделувањето за наградите.
Изворот рекол: „Не се веруваше дека Канје и Бјанка се официјално поканети на Греми. Двајцата подоцна беа исфрлени“.
Меѓутоа, друг извор близок до Канје инсистира дека тие „апсолутно имале билети“ затоа што тој бил номиниран за најдобра рап песна и планирал само да се фотографира со Бјанка и да го напушти настанот.