ФОТО | Со јорган на црвен тепих: Били Ајлиш и нејзиното момче одбраа удобност
Младата американска пејачка и текстописец Били Ајлиш заедно со своето ново момче пејачот Џеси Радерфорд уживаат во удобноста, до тој степен што решија на нивното прво заедничко појавување на црвен (син) тепих да биде во пижами.
View this post on Instagram
На 11-тата по ред гала вечер во Музејот на Лос Анџелес прошетаа голем број познати личности меѓу кои сестрите Кардашијан-Џенер, Оливија Вајлд, Елтон Џон, Сaлма Хајек, Парис Хилтон и минатогодишните победници на Евровизија, Манескин.
View this post on Instagram
Додека за познатите личности настаните со црвен тепих се можност да се појават облечени во луксузни изданија и тоалети, секогаш постојат некои што се издвојуваат од останатите, а Били и Џеси беа вистинскиот пример на вечерта.
View this post on Instagram
Па така и на LACMA annual Art + Film Gala голем број од познатите ја искористија можноста да прошетаат во елегантни тоалети со потписот на некои од најпознатите модни дизајнери, а други пак, покажаа дека комфорот им е најважен, па дури и кога одат на ваков луксузен настан.
View this post on Instagram
Облечени во удобни пижами од модната марка Гучи, славниот пар го надополни изгледот покривајќи се со јорган од истиот бренд.