ФОТО | Со години ги злоупотребувал: Три ќерки брутално го убија таткото силувач

Фото: Profimedia

Таткото од Русија, кој беше убиен од трите ќерки, формално е означен како педофил кој сексуално ги злоупотребувал своите биолошки деца.

Михаил Качутурјан (57) беше избоден до смрт со нож во 2018 година, а неговите три ќерки се обвинети за убиство.

Кристина, Ангелина и Марија, кои тогаш имаа 19, 18 и 17 години, признаа дека го убиле својот татко „тиранин“, а последните три години се плашеа дека ќе бидат осудени на долгогодишни затворски казни, и покрај тоа што тие тврдат дека со години ги силувал и злоупотребувал.

Сега сестрите можат да го користат овој извештај на суд и да побараат да се отфрлат сите обвиненија. Со вештачењето е докажано дека нивниот татко бил сексуален напаѓач на деца со „тенденција кон агресија“ кој имал „сексуални склоности кон своите ќерки“.

Фото: Profimedia

Во извештајот на институтот за психолошки, психијатриски и медицински истражувања во Русија се наведува дека таткото им се заканувал на ќерките со смрт доколку не ги исполнат неговите барања, а сестрите верувале дека ќе ги убие.

Испитувањето потврди дека таткото бил насилен кон ќерките. Експертите откриле дека секоја девојка од 2014 година страдала од синдром на злоупотреба и посттравматско стресно нарушување – сите овие состојби имаат директна причинско-последична врска со постапките на таткото – рекла адвокатката на девојките, Мари Давтјан, пренесува „Дејли мејл“.

Заклучено е дека девојките немале други роднини кои би можеле да го запрат кошмарот со кој се соочувале. Девојките на судењето рекле дека дејствувале од неопходна самоодбрана.

Фото: Profimedia

Двете постари сестри се обвинети за убиство, додека најмладата, Марија, се соочува со казна во психијатриска болница, откако судијата ја прогласил за привремено непресметлива во моментот на убиството на нивниот татко. Адвокатите на сестрите се надеваат дека тие целосно ќе бидат ослободени од вината.

Кога го убиле додека спиел, биле во „нестабилна“ психолошка состојба и се чувствувале „безнадежно“, плашејќи се за својот живот. Некои роднини ги обвиниле сестрите дека лажеле дека нивниот татко ги силувал и дека го убиле за да му ги земат парите.

Случајот привлече големо внимание во Русија и открива како законот го третира семејното насилство, а речиси милион луѓе потпишаа петиција за ослободување на сестрите.

Истражителите претходно открија дека тие долг период трпеле физичка и ментална злоупотреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот