ФОТО | Снежна бура во Истанбул: Летовите запрени, сообраќајот закочен

Снежна бура во Истанбул/ Фото: Твитер

Поради снежните врнежи во Истанбул, променето е работното време во јавните установи и организации, прекинати се меѓународните летови, а влезот на возила во градот во голема мера е запрен. Метеж настана на постојките на јавниот превоз.

Во Истанбул повремено продолжуваат обилните снежни врнежи. Летовите во градот се главно откажани. Имаше многу сообраќајни несреќи на замрзнатите коловози. Во несреќата во Арнавуткој се судриле 30 возила.

На некои места во градот сообраќајот целосно запре. Дел од граѓаните ги оставија возилата покрај патот и продолжија пеш. Поради обилни снежни врнежи и неповолни временски услови во Истанбул беа затворени сите градинки и дневни центри.

Летовите на аеродромот во Истанбул беа прекинати до 04:00 часот до 25 јануари, меѓу кои и летовите за Скопје. Извршниот директор на Туркиш ерлајнс Билал Екши изјави дека аеродромот е затворен за работа поради обилните снежни врнежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот