ФОТО | Снежана Танева, фармер: На фарма работиш од утро до мрак, а сепак, сточарите не уживаат голема почит!
Снежана Танева, фармер, е исклучителна жена, пред сè поради неуморната посветеност на работата, но и поради тоа што е чуварка на семејната традиција.
Израснала во сточарска фамилија каде што единствената егзистенција била фармата и земјоделието. Нејзиниот татко бил успешен фармер, во времето кога сточарите уживале голема почит и кога имало заработувачка.
Сè што спечалил нејзиниот татко било од чесна работа. Снежана со брат ѝ и сестра ѝ пораснале со крави и овци, ги паселе, си играле со јагнињата, а кога ќе се родело теле или јагне, била огромна радост за семејството зашто доаѓал приходот.
– Кога со имотот раководеше татко ми, сакаше јас да го наследам. Јас, искрено, не сакав. Сакав да се омажам и да се спасам од макотрпната работа. Но судбината скрои друг план за мене. Иако, според некое непишано правило, машките деца го наследуваат имотот или земјоделското стопанство, кај нас не беше така, бидејќи брат ми имаше здравствени проблеми, а сестра ми си одбра друга професија. Па, така, морав да ја преземам работата во свои раце – ја започнува својата животна приказна оваа жена витез.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк