ФОТО | Снаата се прости од Кралицата: Дали Афида Тарнер ќе го наследи богатството на свекрвата?

Афида Тарнер, која беше во брак со Рони Тарнер, синот на Тина Тарнер, се огласи по повод веста за смртта на кралицата на рокенролот. Таа упати емотивна порака, која предизвика лавина коментари на Инстаграм.
„Само што зборував за тебе, пет минути откако пристигнав во Ница – колку таа го сака југот на Франција. Почивај во мир, свекрво, со Рони и Крег”, објави Афида Тарнер, која беше во брак со синот на Тина Тарнер, од 2007 година до неговата смрт во декември минатата година.

Некои од следбениците на Афида ѝ изразија сочувство, нагласувајќи во коментарите дека Тина Тарнер е единствена и едноставно најдобра. Но, некои луѓе ги вознемири фотографијата што ја објави, па комнетираа: „Чудна монтажа! Таа ти беше свекрва, а немаш заедничка слика?“.
„Сликата не е важна. Афида ја загуби свекрвата Тина. Неодамна почина и нејзиниот сопруг. Имајте малку сочувство“, стои во контрареакцијата.

Синот на Тина Тарнер, Рони Тарнер почина во својот стан минатиот декември во Лос Анџелес.
Афида, која пее, пишува песни и глуми, објави слика на која заедно настапуваат таа, Тина и Рони.
Снаата на Тина Тарнер во интервју минатата година, пред смртта на нејзиниот сопруг, изјави дека Рони е првиот наследник на богатството на славната пејачка. На новинарското прашање дали тоа ја прави наследничка, таа кимна со главата и додаде дека не сака да зема пари што некој друг ги заработил и дека таа секогаш сама заработувала, пишува „Телепорт“ (Тellerreport).
Богатството на Тина Тарнер, која беше во брак со Ервин Бах од 2013 година, се проценува меѓу 250 и 270 милиони долари.