ФОТО | Словенка си ја бара сестрата-близначка: Ја дигна цела поранешна Југославија на нозе

Мирјана Коларич / Фото: Фејсбук/Мирјана Коларич

Мирјана Коларич (47) од Словенија ја бара својата сестра-близначка, која официјално починала за време на породувањето, но семејството со години се сомнева во таа приказна.

„Мама нѐ роди на 31 мај 1976 година во Марибор. Јас бев првородена, а по раѓањето на сестра ми, на мајка ми ѝ било речено дека таа починала бидејќи бевме недоносчиња. Жената која била во собата со мајка ми слушнала бебешки плач, но и покрај молбите на мајка ми и татко ми да го видат телото на бебето, лекарите не им го покажале и не им дозволиле да ја погребаат“, пишува таа на својот фејсбук-профил.

Мирјана Коларич во детството / Фото: Фејсбук/Мирјана Коларич

Жената наведува дека отсекогаш имала чувство дека нејзината сестра е жива. Во една прилика, на оваа тема разговарала со нејзината мајка, која низ солзи ѝ кажала дека и таа верува дека близначката е жива.

„Тогаш првпат ми се заледи крвта од тие зборови. Вторпат ми се случи такво нешто кога открив дека покрај моето име во централниот регистар не е запишано дека јас имав сестра-близначка при раѓањето. Третиот пат беше кога ја видов нараквицата од породилиштето, која мајка ми сѐ уште ја чува“, вели Мирјана Коларич.

Мирјана Коларич во младоста / Фото: Фејсбук/Мирјана Коларич

Таа вели дека потрагата по сестра ѝ, сите досегашни сознанија ја водат до Сараево.

„Ве молам, погледнете ги моите фотографии. Можеби некоја жена која ја познавате личи на мене“, побара таа од корисниците на социјалните медиуми, заедно со молбата да ја споделат нејзината објава на своите профили.

Мирјана Коларич денес / Фото: Фејсбук/Мирјана Коларич

Моментално, нејзината објава е споделена повеќе од осум илјади пати, од страна на луѓе од целата поранешна Југославија.

Сепак, таа не сака да открие зошто мисли дека сестра ѝ се наоѓа во главниот град на Босна и Херцеговина.

„Не можам сега да откријам, но можеби во друга прилика“, одговори таа на еден од коментарите на нејзината објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот