ФОТО: Скопјанец без дозвола си изградил поткровје над станот – Општина Центар му ја руши дивоградбата

Рушење дивоградби Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Утрово од Општина Центар го продолжија процесот на уривање на дивоградби, а овојпат се урива на диво изградено поткровје во населбата Буњаковец, спроти Градежниот факултет. 

Сопственикот наводно без дозвола изградил уште еден стан над зградата во која е детектиран објектот.

Општина Центар пред две недели започна со акција на отстранување на дивоградби, со што се донесени решенија за 18 објекти.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

За сите објекти што се отстрануваат, како што објаснуваат од Општина Центар, во целост е испочитувана законската процедура и запазени се сите законски предвидени рокови.

Сите сопственици или инвеститори на вакви градби добиле решение со кое требале самостојно да ги отстранат нелегалните објекти, но ниеден од нив досега не постапил така.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Притоа, и покрај утврдените неправилности, дел од сопствениците се спротивставувале на уривањето.

И покрај негодувањата на сопствениците, акцијата на Општина Центар наиде на позитивни реакции кај граѓаните, кои сметаат дека е време да се стави крај на узурпацијата на јавните површини и на појавата кој каде сака да гради.

ВИДЕО | Центар во офанзива против дивоградбите: „Паднаа“ тениски терени, тераси, гаражи, трафики…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот