ФОТО | Сите зборуваат за деколтето и шлицот на Меган Маркл, а од принцот Хари ниту глас ниту трага
По медиумската пауза, Меган Маркл синоќа се појави во Лос Анџелес, на церемонија организирана за помош на детската болница во Лос Анџелес. Принцот Хари не бил покрај неа, а војводата од Сасекс во последно време неколкупати се појавуваше во јавноста без сопругата, што предизвика сомнеж дека се појавиле проблеми во нивниот брак. Додека кружат вакви приказни, војвотката блеска, во изменета верзија на стариот фустан.
Војвотката од Сасекс носела црвен фустан од Каролина Херера, истиот модел што го избра во 2021 година за настан во Њујорк, во чест на војската во пресрет на Денот на ветераните во САД и Денот на примирјето во Британија. Хари тогаш беше покрај неа.
Меган Маркл се сретнала на црвениот тепих со деца, а едно момче на шега прашала: „Зарем не е време за спиење?“.
На синоќешниот настан настапила Деми Ловато, а водители биле актерките Кејли Куоко, Џејми Ли Кертис и Колин Хенкс, синот на славниот Том Хенкс.
Како што пишува „Дејли мејл“, Хари отишол на планинарење со пријателите по повод неговиот 40-ти роденден, а тоа патување го организирала токму Меган Маркл. Без оглед на тоа, соло појавувањето на војвотката ги подгреа сомнежите дека работите не одат добро за неа и за Хари.
Принцот неодамна беше сам во Лондон, а во последните 15 дена имаше 10 јавни настапи без сопругата, вклучувајќи патување во Британија, Лесото и церемонија во Њујорк.
Меган последен пат беше видена ден пред 40-тиот роденден на Хари кон средината на минатиот месец. И во 2023 година се пишуваше дека таа и Хари се долго време разделени, но извори блиски до нив велат дека тие двајца, како и секој пар, имаат несогласувања, но дека нивната врска е силна.
Војвотката е фрустрирана од судските случаи на Хари во Британија, а се шпекулира дека парот е во несогласување околу воспитувањето на нивните деца, Лилибет и Арчи.
Други додаваат дека Меган и Хари, кои се во брак од 2018 година, сега имаат различни цели.
„Војводата и војвотката сега напредуваа како поединци – не само како двојка. Војводата е фокусиран на својата покровителска работа, а војвотката на својот претприемачки пат. Но, ќе има заеднички напори во бизнисот“.